Поради здравствени проблеми

Кралицата ќе ја пропушти јубилејната служба на благодарност во Свети Павле (ВИДЕО)

Велика Британија го слави големиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, која веќе седум децении е на чело на монархијата.

Фото: ЕПА

Кралицата за време на церемонијата поздрави десетици илјади луѓе пред Бакингемската палата, но потоа од палатата беше објавено дека Елизабета Втора ќе ја пропушти службата на благодарност во петок бидејќи „чувствувала нелагодност' за време на роденденската парада што се одржа во четвртокот.

„Кралицата уживаше во денешната роденденска парада и почесниот лет, но не се чувствуваше најдобро. Имајќи го предвид патувањето и енергијата потребна за учество на националната служба на благодарноста во катедралата Свети Павле во петок, Нејзиното Височество за жал одлучи да не присуствува“, рекоа од палатата.

Кралицата требаше да присуствува на служба во катедралата Свети Павле на вториот ден од нејзината платинеста јубилејна прослава.

Сепак, кралицата во четвртокот вечерта учествуваше на церемонијата на палење светилки во замокот Виндзор.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе