Го спомна и брегзитот

Кралицата го прочита говорот што ѝ го напиша премиерот Џонсон (ВИДЕО)

Кралицата Елизабета Втора денес ја изложи агендата на британскиот премиер Борис Џонсон за неговата влада, вклучувајќи го и брегзитот на 31 октомври, новиот договор со Европската Унија и низа внатрешнополитички иницијативи за освојување на гласовите пред очекуваните вонредни избори.

Говорот на кралицата е кулминацијата на раскошната церемонија во Вестминстер и е искористен за детално претставување на сите закони кои владата сака да се донесат во претстојната година. Говорот на 93-годишната го напиша владата.

Меѓутоа, со неизвесниот брегзит пред клучната недела на преговори и непредвидливите резултати од изборите кои би можеле да се одржат во блиска иднина, противничките партии тврдат дека Џонсон ја злоупотребил политички неутралната кралица барајќи од неа да ја изложи неговата изборна агенда.

Во говорот со придружни белешки е изложен и преглед на повеќе од 20 закони, вклучувајќи го и законот со кој се бара имплементација на договорот за брегзитот – ако Џонсон успее да постигне договор со ЕУ неделава.

„Приоритет на мојата влада секогаш беше да обезбеди излегување на Велика Британија од Европската Унија на 31 октомври“, кажа кралицата во позлатената сала на Горниот дом.

„Мојата влада планира да работи во насока на партнерство со ЕУ, засновано врз слободна трговија и пријателска соработка“.

Владиниот план вклучува рамка на Џонсоновиот предлог за постбрегзитовски емиграциски систем, реформи на кривичното правосудство, промени во здравствената заштита и ветување за поголеми инвестиции во јавните финансии за да се поттикне растот.

„Луѓето се уморни од застојот, турканиците и чекањето промени“, истакна Џонсон во придружната изјава на говорот, „и повеќе не сакаат да чекаат брегзитот да заврши“.

Меѓутоа, Џонсоновата политичка иднина и неговата способност да имплементира која било од овие агенди се поприлично неизвесни.

Тој предводи малцинска влада и по преземањето на владата во јули парламентот не поддржа ниту еден негов предлог. Сите партии сакаат предвремени избори, но не се сложуваат околу тоа кога да бидат одржани.

Говорот сега ќе биде тема на неколкудневна парламентарна расправа, која ќе заврши со гласање за негово прифаќање.

Иако тоа не е официјално гласање за доверба, би можело да биде искористено за понатамошно дестабилизирање на Џонсоновата позиција.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе