Бакингемска палата

Кралицата Елизабета ќе одмора уште најмалку две недели, по совет на лекарите

Британската кралица Елизабета Втора, која мораше да го откаже патувањето на климатската конференција на ОН КОП26 во Глазгов, треба да одмора уште најмалку две недели, по совет на лекарите, објави Бакингемската палата.

Фото: ЕПА

Кралицата (95) која пред девет дена преноќи во болница, сепак ќе може да извршува „полесни работи“, вклучително и видеоповици, но во тој период мора да се откаже од секакви официјални активности.

Бакингемската палата пред два дена објави дека кралицата нема да присуствува на отворањето на климатската конференција на 1 ноември.

Веста дојде откако кралицата Елизабета Втора еден ден претходно одржа виртуелен прием во замокот Виндзор за јужнокорејската амбасадорка, што беше нејзина прва јавна активност откако минатата недела се врати од болница.

Кралицата е во многу добра форма, рече премиерот Борис Џонсон откако неделава разговараше со најстарата и најдолговечна владетелка во светот.

„Разговарав со Нејзиното височество и таа е во многу добра форма“, изјави Џонсон денеска за вестите на Ченел 4. Џонсон разговара со кралицата секоја среда. „Таа само треба да ги следи советите на своите лекари и да се одмори, мислам дека тоа е важна работа. Мислам дека целата земја ѝ посакува добро“, рече тој.

Кралицата на 20 октомври беше однесена во болница во Лондон на прелиминарни прегледи и се врати во Виндзор следниот ден за време на ручекот, соопшти тогаш Бакингемската палата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе