По смртта на принцот Филип

Кралицата Елизабета им се врати на своите редовни кралски должности

Британска кралица Елизабета Втора им се врати на редовните кралски должности по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип, и учествуваше во церемонијата за пензионирање на најстариот член на персоналот на кралското семејство, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Кралицата беше домаќин на церемонијата за пензионирање на првиот човек на дворската служба, кој ги водеше работите на кралското семејство и на дворот и традиционално до пензионирањето ја носи благородничката титула гроф, а потоа ја добива титулата лорд.

Принцот Филип, кој беше со кралицата за време на нејзиното 69-годишно владеење, почина во петокот во замокот Виндзор на 99-годишна возраст. Неговиот погреб ќе се одржи в сабота.

Војводата од Единбург, како што беше официјално познат, се ожени со Елизабета во 1947 година.

Во последниве години, кралицата ги намали своите официјални ангажмани и многу кралски должности и покровителства му пренесе на својот син, принцот Чарлс, на неговиот син Вилијам и на други постари членови на кралското семејство, но продолжи да ги врши симболичните кралски должности, како што е отворањето на парламентот.

Познавачите на ситуацијата на британскиот двор сметаат дека големата празнина што останува во животот на кралицата по смртта на нејзиниот сопруг нема да влијае на најдолговечната кралица во светот да се откаже од тронот и да му го препушти на својот син, принцот Чарлс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе