Од документарец на Би-би-си

Кралицата дозна каде биле скриени кралските скапоцености во Втората светска војна (ВИДЕО)

Документарецот на Би-би-си што беше емитуван викендов за кралицата Елизабета содржи секакви интересни факти, но едно откритие било новост и за самата кралица.

Авторите на документарецот „Крунисувањето“ ѝ кажале на Елизабета каде татко ѝ ги скрил кралските скапоцености за време на Втората светска војна, вели Би-би-си.

Камењата од крунските скапоцености биле скриени во кутија за бисквити во замокот Виндзор за да се зачуваат во текот на војната, вели „Крунисувањето“.

Кутијата била закопана под еден од тајните излези по наредба на кралот Џорџ Шести за скапоценостите да не паднат во нацистички раце.

Детали за тајната, која ни кралицата не ја знаела, биле откриени во писма од кралскиот библиотекар сер Оуен Морсхед, до кралицата Мери, мајката на Џорџ Шести.

Кралицата Елизабета ова првпат го дознала сега од презентерот Аластер Брус.

Неверојатната приказна ја раскажал Оливер Уркхарт Ирвин, библиотекарот и помошник-чувар на Краличината архива.

Камењата, меѓу кои и Рубинот на црниот принц од Империјалната државна круна, биле сместени во металната кутија и закопани под тунел за бегство во рамките на замокот Виндзор, за во случај нацистите да нападнат.

Документите на сер Оуен опишуваат дека била ископана дупка во земјата, која морало да биде покриена за да се скрие од непријателските бомбардери, и биле направени две одаи со челични врати.

Подната врата низ која се влегувало во тајната област во замокот Виндзор, каде што кралицата безбедно ја поминала целата војна, сè уште постои и денес.

Во документарниот филм кралицата зборува и за интересните перипетии што ги носи функцијата шеф на државата - од опасностите од носењето тешка круна, до тоа како фустаните ѝ се заглавувале на дебелиот тепих.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе