Крајот на милијардерот педофил: Епстајн „заврши“ во необележан гроб

Милијардерот Џефри Епстајн наводно е погребен во необележан гроб покрај гробовите на своите родители чии имиња се отстранети од гробовите за да се спречи вандализам.

Плочите на гробовите на неговите родители се заменеи со празни плочи без никакви обележја, пренесува британски Мирор.

Се верува дека тоа е направено за да се спречи гробовите да станат мета на вандали згорзени од злосторствата на богатиот финансиер обвинет за сексуални злоставувања и подведување малолетнички.

Епстајн на 10 август изврши самоубиство во својата затворска ќелија во која го чекаше судењето за подведување десетици малолетни девојки во периодот од 2002 до 2005 година.

Тој бил погребен на Флорида еден ден по службата одржана на Менхетн.

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе