САД

Крајбрежна стража брка шверцери на дрога и ги стигнува (ФОТО+ВИДЕО)

На социјалните медиуми е објавена снимка на која крајбрежната стража на САД брка моторен чамец во кој има големо количество дрога.

На снимката се гледа и дека шверцерите со дрога, откако го забележуваат бродот на крајбрежната стража, почнуваат избезумено да фрлаат торби со кокаин во Тихи Океан.

Во акцијата, наводно, се запленети 1.000 килограми дрога, со проценета пазарна вредност од приближно 30 милиони американски долари. Кокаинот, барем оној што припадниците на крајбрежната стража успеале да го фатат, бил истоварен во базата на крајбрежната стража во Сан Диего, Калифорнија.

На видеото објавено од Федералната агенција за заштита на границата и царина може да се види и апсење на девет шверцери на дрога.

Капетанот на фрегатата Дан Урсино изјави дека акцијата била исклучително успешна, особено затоа што една третина од екипажот што учествувал во неа првпат пловела на бродот „Стедфаст“, пред нешто повеќе од еден месец.

Снимената акција е дел од поголема операција почната претходно и во чии рамки во шест акции е запленета дрога од Мексико, Централна и Јужна Америка. Севкупно, досега се запленети околу 11.000 кг кокаин, вреден околу 350 милиони долари.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе