Крај за најголемиот авион во светот. Ербас го укинува А380

Компанијата Ербас ќе го укине производството на моделот А380, со што од пазарот ќе ги повлече своите легендарни суперџамбо авиони кои требаше да го револуционизираат комерцијалниот авиосообраќај, јави Си-ен-ен.

Европскиот производител на авиони се одлучи на овој потег откако авиокомпанијата Емирати од Дубаи значително ги намали нарачките за овој тип на авиони.

А380, најголемиот светски авион, го започна својот прв лет пред 14 години. Авиокомпанијата Ербас очекуваше дека многумина ќе ја прифатат идејата за огромни авиони кои можат да пренесуваат голем број патници, но тој план не се оствари.

Компанијата досега има испорачано само 234 суперџамбо авиони, а кога започна со производството на овој двокатен модел, предвиде дека во истиот период ќе продаде 1200 такви авиони.

Се чини дека на авиокомпаниите повеќе им одговара идејата за помали и полесни авиони, кои ќе трошат многу помалку гориво. Имено, за овој авион да е исплатлив за авиокомпаниите, секој лет мора да биде распродаден.

Ербас целосно ќе го прекине производството на А380 во 2021 година.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе