Известувачката за Косово во Европскиот парламент

„Крај на дијалогот на Белград и Приштина на есен, меѓусебно признавање до крајот на годината“ (ВИДЕО)

Известувачката за Косово во Европскиот парламент Виола фон Крамон очекува дијалогот на Белград и Приштина да заврши на есен.

EPA-EFE

Таа додаде и дека до крајот на годината очекува успешен резултат на тој процес кој го гледа како меѓусебно признавање.

Таа на Твитер напиша дека е оптимист околу прашањето на дијалогот на двете страни, а во видео пораката, која ја постираше, наведе дека следниот, а воедно и најважен чекор во дијалогот е конференцијата во Париз, која ја организира францускиот претседател Емануел Макрон.

„Потоа очекувањата ќе бидат конечно, се надеваме, да видимо договор за меѓусебно признавање во текот на есента. Ова е она на што ние навистина мораме да инсистираме и да работиме со двете страни, за да го постигнеме овој успешен резултат до крајот на оваа година“, наведе Крамон.

Таа на Твитер истакна дека специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак се сретна со претставниците на двете страни, премиерот на Косово Авдулах Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ во Брисел минатата недела.

„Со ЕУ „на возачкото место“ наскоро ќе можеме да напредуваме. Следната фаза ќе биде, се надеваме, конференцијата во Париз“, напиша Крамон на Твитер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе