Крадците на златарата од хотелот Риц се членови на групата Пинк Пантер?

Француската полиција го пронајде целиот украден накит од златарата на луксузниот хотел Риц. Сега во фокус на истрагата е дали крадците се членови на бандата Пинк Пантер.

Полицијата претходно објави дека се уапсени тројца од петте разбојници кои со секири го искршија излогот на луксузната златара, а според најновите информации од Париз, пронајдени е целиот украден накит во вредност од околу 4,5 милиони евра.

Преостанатиот украден накит бил пронајден во торбата што ја оставил еден од крадците.

Француските медиуми пишуваат дека целото сценарио на крадците потсетува на начинот на кој што делува озлогласената банда Пинк Пантер.

„Со себе секогаш носиме стоперки затоа што за 30 секунди по кршењето на излогот мора да ѝ побегнете на полицијата. Во такви кражби не одите ако немате договорена продажба“, ги опиша претходните кражби на накит еден од членовите на групата Пинк Пантер.

Имено, кражбата во Париз е изведена така што тројца со секири ги кршеле излозите на златарата, а двајца чекале пред хотелот. Торбата со украдениот накит им ја фрлиле преку прозорецот. Еден крадец побегнал на мотор, но му испаднала торбата, а друг побегнал со автомобил. Тројца од крадците со украдениот накит на излезот од хотелот ги запрела полицијата. Онеспособени се со електрошокер.

Уапсените разбојници се притворени, а на полицијата двајца ѝ се познати од претходни кражби на златари. Поради тоа и истражуваат дали крадците се поврзани со бандата Пинк Пантер.

Од друга страна, медиумите во Велика Британија наведуваат дека целото сценарио на кражбата не личи на членовите на Пинк Пантер.

Британскиот Мирор наведува дека Пантерите се познати по тоа што користат брзи спортски автомобили, а не мотори, како и дека своите акции ги планираат до најситните детали. Мирор истакнува дека би било исклучително невообичаено тројца Пантери да бидат уапсени за време на кражба. Еден од напаѓачите ја фрли торбата со накит и секира кога неговиот мотоцикл удрил во пешак за време на бегството, пренесе АП.

Инаку, бандата Пинк Пантер се смета за одговорна за повеќе од 200 кражби во Европа, Азија и Америка. Групата првпат го привлече вниманието на јавноста во 1993 година и го доби прекарот по кражбата во која дијамантот вреден повеќе од пола милион евра го скриле во кутија за крема за лице, оваа тактика е користена во филмот Пинк Пантер.

Taа кражба е изведена во областа Мејфер во центарот на Лондон.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе