На 150-годишнината од раѓањето

Крадци во Индија ја украдоа пепелта на Ганди

На 150-годишнината од раѓањето на Махатма Ганди, крадци во Индија украдоа одреден дел од неговите посмртни остатоци и уништија дел од неговите фотографии, соопшти индиската полиција, а пренесува Би-би-си.

Крадците ја зеле неговата пепел од меморијалот во централна Индија, каде таа се чува од 1948 година кога беше убиен во атентат. Тие со зелена боја го напишале зборот „предавник“ преку неколку негови фотографии.

Дел од хиндуистичките екстремисти го сметаат Ганди за предавник поради неговото заговарање мир и единство меѓу хиндуистите и муслиманите.

Полицијата на Рева, во сојузната држава Мадја Прадеш, потврди за Би-би-си дека кражбата се истражува како чин кој „ѝ штети на националната интеграција“.

Мангалдип Тивари, директорот на меморијалот во Бапу Бхаван, каде што се наоѓала пепелта, кажа дека оваа кражба е „срамна“.

„Рано наутро ги отворив вратите на меморијалот бидејќи е роденденот на Ганди. Кога се вратив вечерта, видов дека е украдена неговата пепел и уништени се негови фотографии“, изјави Тивари.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе