Советникот на Трамп за коронавирусот

„Ковид-19 би можел да убие од 100 до 200 илјади Американци“

Милиони Американци ќе бидат заразени со ковид-19, а би можеле да умрат меѓу 100.000 и 200.000 луѓе, изјави денес инфектологот и советник на американскиот претседател Доналд Трамп за коронавирусот Ентони Фаучи.

„Врз основа на она што го гледаме денес би кажал дека смртно ќе настрадаат меѓу 100 илјади и 200 илјади луѓе“, кажа Фаучи за Си-ен-ен за можните смртни случаи поврзани со коронавирусот. Тој спомна и милиони заразени.

Директорот на Националниот институт за заразни болести внимателно потсети дека предвидувањата секогаш се темелат врз разни претпоставки.

„Се наведуваат и најдоброто и најлошото сценарио. А најчесто се случува нешто помеѓу тие две“, истакна тој.

„Меѓу болестите на кои сум работел никогаш не сум го доживеал најлошото сценарио. Тие секогаш се преценети“.

Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс, досега во Соединетите Држави официјалнос е пријавени речиси 125 илјади позитивни случаи на ковид-19, што е рекорд во целиот свет.

Од средата навака бројот на умрените (2.191 лице) речиси се удвои.

Медицинската школа на универзитетот во Вашингтон врз основа на сегашниот развој го предвидува врвот на епидемијата кон средината на април со број на умрени околу 80.000 кој од јуни би стагнирал.

Тие предвидуваат меѓу 38.000 и 162.000 умрени.

За споредба, од грип за време на епидемијата во 2018 и 2019 година во САД умреа 34.000 луѓе.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе