Последен поздрав за Елизабета Втора

Ковчегот на кралицата денеска ќе биде пренесен во Лондон, вчера илјадници луѓе на улиците на Единбург (ФОТО+ВИДЕО)

Ковчегот на кралицата Елизабета денеска ќе биде префрлен во Лондон по 24 часа поминати во катедралата во Единбург, каде што нејзиниот син, кралот Чарлс III, и неговите браќа и сестра одржаа тивко бдеење.

 

На Чарлс му се придружија сестрата Ана и браќата Ендрју и Едвард на 10-минутно бдение во катедралата Сент Џајлс во понеделникот, додека граѓаните минуваа покрај нив за да ѝ оддадат почит на кралицата.

Додека војниците во килтови го носеа ковчегот, се слушаше само тажниот звук на гајдите, а четирите деца на кралицата го напуштија бдеењето. Насобраната јавност ги дочека со аплауз во знак на поддршка.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на шкотската престолнина за да ѝ оддадат последна почит на кралицата Елизабета Втора.

Возилото во кое се движеше ковчегот со телото на кралицата во текот на попладневните часови во центарот на овој град, а во поворката беше и новиот крал Чарлс Трети, јавува Би-би-си.

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот на 96-годишна возраст, откако беше на престолот 70 години и 214 дена.

Нејзиниот погреб ќе се одржи во Вестминстерската опатија во Лондон на 19 септември.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе