Косовското собрание усвои резолуција за „геноцид на Србија на Косово“

Пратениците на собранието на Косово усвоија резолуција за „геноцид на Србија на Косово“.

За резолуцијата за наводниот геноцид на српските сили на Косово во 1998 и 1999 година гласаа 79 пратеници, без гласови против, јавуваат косовските медиуми.

На седницата не присуствуваа пратениците на српската заедница.

Во дневниот ред на седницата беше ставено и барањето на заменик претседателката на партијата Алијанса за иднина на Косово, Доника Кадај Бујупи, за доделување простор за изложување експонати како докази дека Србите извршиле наводни злосторства на косовска територија.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе