Ќе има ли изненадувања?

Косовското собрание се распушта в четврток

Косовските политички партии ја исклучуваат можноста да има какви било изненадувања в четврток, за кога е закажана вонредната седница на парламентот.

На таа седница треба да биде распуштено собранието, а потоа да бидат распишани вонредни избори, јавува Коха диторе.

За распуштање на косовскиот парламент, откако Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на 19 јули, се изјаснија 80 од вкупно 120 пратеници.

Партиите се согласија пред одлуката за распуштање на парламентот пратениците да гласаат за договорот за ЕУ-ИПА фондовите, вреден околу 100 милиони евра.

Иако за свикување на вонредната седница беа потребни 40 потписи на пратеници, на парламентот му беа доставени над 80.

Потписите ги доставија пратениците на ДСК, ДПК, Самоопределување, Алијанса за иднина на Косово, Социјалдемократската партија и Иницијатива, пишува приштинскиот весник. За распуштање на косовскиот парламент се потребни 80 гласови.

Шестиот состав на косовскиот парламент практично веќе реши да го заврши својот мандат пред владите на најмоќните западни земји да побараат од Приштина и Белград обнова на дијалогот, потсетува Коха.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе