Косовското собрание распуштено за половина час, на потег е Тачи

Пратениците на косовското собрание изгласаа распуштање на законодавното тело. За гласаа 89 пратеници, двајца беа против, а еден пратеник беше воздржан.

Речиси еден месец по оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, косовското собрание го изгласа предлогот за распуштање на шестиот состав на собранието, пренесува Коссев.

Косовската јавност сега очекува косовскиот претседател Хашим Тачи да постапи според уставните обврски и да ги распише седмите вонредни парламентарни избори на Косово.

Парламентарните партии не ја прифатија иницијативата на Тачи создадениот вакуум да се надмине со избор на нов мандатар. Седницата на која беше распуштен парламентот траеше само 30 минути, а откако шефовите на пратеничките групи се изјаснија дека на таа тема нема расправа.

Во кратката дебата пред гласање за распуштање, беше кажано дека оваа влада ќе замине во историјата како најобемна, но и како влада чии функционери се соочени со обвиненија, како и дека владата и претседателот се обиделе да водат неуставен дијалог со Србија, и дека политички консензус околу дијалогот никогаш не бил постигнат.

Беа истакнати и проблемите во надворешната политика, како тоа дека граѓаните на Косово и понатаму немаат визна либерализација, и дека косовската полиција сѐ уште не е дел од Интерпол.

Според шпекулациите во медиумите, од трите датуми на кои законски може да бидат закажани изборите – 22 септември, 29 септември или 6 октомври, косовскиот претседател веќе го избрал последниот.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе