Косовското собрание денес ќе расправа за резолуција за „српскиот геноцид“

На дневниот ред на собранието на Косово е предлог резолуција за геноцид кој Србија наводно го извршила на Косово.

Резолуцијата се однесува на геноцидот, злосторството против човештвото и воени злосторства кои, како што се наведува, „поранешниот режим на српската држава го извршил на Косово“ и за формирање „државна комисија за формирање трибунал за извршениот српски геноцид на Косово“.

Покрај времето за пратенички прашања, пратениците ќе ги разгледаат и одлуките за изградба на музеј на геноцидот и изградба на меморијал на протерувањето.

Посебна точка на дневниот ред е утврдување датум за одбележување на, како што се наведува, „геноцидот на Србија“ врз Косово.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе