„Руско-српските напори за нестабилност “ се неприфатливи за Приштина

Косовско министерство: Вучиќ се заканува со војна, дијалогот ќе продолжи кога Косово ќе влезе во НАТО

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти денес дека ја смета за отворена закана за нова војна на Балканот изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ во која го спореди односот на Белград и Приштина со конфликтот во Нагорно Карабах и наведе дека дијалогот на Белград и Приштина ќе биде продолжен откако Косово ќе стане членка на НАТО.

EPA-EFE

Во соопштението, косовското министерство оцени дека Косово не е Нагорно Карабах, дека нема замрзнат конфликт и дека Косово ќе ги зајакне напорите за членство во НАТО „па дури тогаш треба да продолжи дијалогот со Србија“.

„Изјавата на Вучиќ и намерните споредувања јасно ја покажуваат намерата да се дестабилизираат и создадат нови тензии во балканскиот регион“, пишува министерството за надворешни работи на Косово.

Се наведува дека е „општо познато“ учеството на регуларните српски воени сили во Белорусија, дека српски војници се „активно вмешани“ во конфликтот во Украина и дека имало меѓународни извештаи за употреба на српско оружје во азербејџанско-ерменскиот конфликт.

„Очигледно е и јасно дека Русија и Србија, откако се наметнаа во борбите во регионот Нагорно Карабах и се претставија како „посредник“ за решавање на овој конфликт по системот „раздели па владеј“, како главни снабдувачи со оружје во овој оружен конфликт се обидува да повлече такви паралели за да ја оправда милитаризацијата и да ја вооружи својата војска со оружје неспоиво со НАТО“, истакна косовското министерство.

Се додава и дека сите „руско-српски напори за поткопување на стабилноста, мирот и безбедноста во регионот“ се неприфатливи за Косово, дека се во спротивност со европските и универзалните вредности.

„И ќе пропаднат бидејќи срамно капитулираа на Косово во 1999 година“, се наведува во соопштението.

Вучиќ на конференција за медиумите изјави дека судирот во Нагорно Карабах покажува како некој замрзнат конфликт „кога некој ќе го одмрзне“ може да биде катастрофален и дека затоа пораката на Србија е продолжување на дијалогот со Приштина.

Кажа дека е подобро да се постигне компромис „порано отколку подоцна“ и дека „во спротивно може да ни се случи некаков конфликт“ и дека „мора да се извлечат поуки од 1990тите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе