Косовски пратеник: „Од девет точки во дијалогот, само една е во интерес на Приштина“

Пратеникот на Демократската партија на Косово Хаџи Авдиљи кажа дека од деветте точки на дијалогот што се води со посредство на Брисел, освен прашањето за исчезнатите лица сите останати точки се целосно само во интерес на Србија, пренесува Коха диторе.

EPA-EFE

Авдиљи кажа и дека тие состаноци се „страшно штетни за Косово“.

„Враќање на раселените Срби, враќање на имотот за Србија, екстрадиција за српската црква, враќање на пазарот за Србија и поврзување нсо извршните власти со државата во Косово и уште многу за што Милошевиќ само можеше да сонува“, кажа Авдиљи.

Тој додаде и дека најголемата иронија и понижување е отворање на дебатата за обострано признавање.

„(Косовскиот преговарач Скендер) Хисени и (специјалниот претставник на ЕУ МИрослав) Лајчак треба да кажат дека 20 години водиме расправа за признавањето и дека таа дебата може да потрае уште 50 години. Во Брисел се подготвува распад на државата Косово и отворање на расправата дали Србија ја признава таа неуспешна држава или не“, заклучи косовскиот пратеник.

Авдиљи, покрај Вјоса Османи, беше еден од пратениците кој не гласаше за владата на премиерот Авдулах Хоти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе