Косовски министер: Границите се вештачки, се работи на обединување со Албанија

Косовскиот министер за животна средина, просторно планирање и инфраструктура Њибурн Алиу кажа дека се работи на обединувањето со Албанија „на природен начин“.

EPA-EFE

Алиу порача дека „границата меѓу Косово и Албанија само прави вештачка поделба меѓу двете земји“.

„Работиме на тоа обединувањето со Албанија да се одвива по природен пат. Сега границите се вештачки и нè раздвојуваат“, кажа тој.

Алиу објасни дека договорот потпишан со Албанија за пругата Приштина-Драч ќе го финансираат двете влади.

„Договорот кој го потпишавме за комплетна изградба на пругата прво ќе биде студија на изводливост која ќе биде заеднички проект. Изводливост точно ќе ја одреди трасата на железничката пруга“, кажа Алиу.

Тој детално го објасни проектот, додавајќи дека очекува да биде модерен и дека ќе им користи и на Косово и на Албанија.

„Она што сега се случува во Албанија е исклучително важно и за Косово. Значи, тука почнува проект за развој на пристаништето во Драч кој ќе се трансформира во товарен проект. Ќе биде тоа модерно пристаниште со железничка линија за европските коридори. Сегашната железничка пруга која го поврзува Драч со Тирана и Скадар ќе има прилика да стане нова пруга од доланата на Дрим до Морина каде стигнува до Косово. Ова ќе биде важно бидејќи Драч преку Приштина отвора пат кон европските патишта“, порача Алиу.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе