Косовски имам добил отказ затоа што ја прифатил теоријата на еволуцијата

Кога не ги водел молитвите во својата селска џамија, имамот Дриљон Гаши пишувал „непримерни“ статуси на социјалните мрежи – како на пример дека верува во теоријата на еволуцијата.

На крајот прифаќањето на исламот и дарвинизмот го чинело и работното место.

31-годишниот Гаши минатиот месец Исламската заедница на Косово, највисокото верско тело на земјата, го тргнала од позицијата. Тој вели дека тоа е доказ дека традиционално умерениот ислам на Косово е во опасност.

„Живите суштества се создадени со еволуција, а еволуцијата ја водел Бог“, ја објасни тој својата теорија за тоа дека исламот и науката не се исклучуваат. „Науката ги открива природните феномени онакви какви што Бог ги создал“.

Политичката иднина на Косово беше одлучена на неодамнешните парламентарни избори, но зад сцената се води поинаква битка, за душата на доминантната вера во земјата.

Прифаќањето на теоријата на еволуцијата не е необично за Косово, бидејќи тамошните верници се по умерениот ислам.

Над 90 отсто од жителите на Косово се изјаснуваат како муслимани, според пописот од 2011 година.

Алкохолот слободно се точи, лудо се вљубени во сѐ американско, а жените не се облекуваат во верски фустани или покривки.

Тој идентитет, меѓутоа, во последните две децении се менува бидејќи верската обнова кон крајот на минатиот век отвори конфликт меѓу традиционалните верници и новио бран имами школувани во странство.

Откако во 1999 година заврши војната со Србија, со пари од земјите од Персискиот Залив беа изградени стотици џамии, се раширија нови учења, а имамите добија стипендии за студирање во земји како Саудиска Арабија или Египет.

Гаши бил еден од нив и студирал во медина. Но, не ја прифатил ултраконзервативната доктрина која таму се практикува, а верскиот естаблишмент не ги сака неговите „модерни размислувања“, кажа тој за Франс прес.

Гаши на Косово, каде исламот стигнал со ширењето на Османлиското царство, ја презел должноста во џамија изградена со арапски пари во Витомирица, место со пет илјади жители.

„Неговите ставови се спротивни на принципите на исламот и нашите интерни правила“, кажа портпаролот на Исламската заедница, Ахмет Садриу, откако Гаши бил отстранет од должноста.

Кога станува збор за европските земји, Косово по глава на жител има најмногу џихадисти во конфликтите во странските земји.

И додека косовските власти се борат да го сузбијат радикализмот, продолжува дебатата за улогата на религијата во општеството.

Косовската влада, на пример, го брани носењето на покривки за главите во училиштата и јавните служби иако ја обвинуваат за исламофобија.

А Гаши во меѓувреме не е сигурен дали има иднина на Косово. Тој неодамна на Фејсбук својот статус го измени во „невработен“.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе