Косовски аналитичар: „Време е да му се каже на Ердоган дека односите на Косово и Турција не можат да бидат како во Османлиското Царство“

Политичкиот аналитичар од Косово Бљерим Љатифи вели дека мандатарот за нова косовска влада Аљбин Курти треба да одлучи дали на покана на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе отиде во Ерусалим.

EPA-EFE

Тој наведе дека ако Курти размислува како Албанец, би требало да отиде на отворањето на амбасадата на Косово во Ерусалим.

„Ако размислува како социјалистички интернационалист, не би требало да оди. Ако размислува како исламист, не би требало да оди. Време е да се одлучи меѓу сојузот со Америка или со исламистичкиот сојуз“, кажа Љатифи.

Тој истакна дека е време „на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да му се каже дека денешните односи меѓу Косово и Турција не можат да бидат формулирани во терминологијата на Османлиското Царство“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе