Косовската влада: Косово никогаш не го попречувало дијалогот со Србија

Владата на Косово оцени дека никогаш не го попречувала дијалогот со Србија, во изјава за Радио слободна Европа.

Како што се додава, секогаш биле спремни да седнат на маса за постигнување на финалниот договор кој е правно обврзувачки во постоечките граници и кој води кон обострано признавање.

Коментирајќи го барањето на земјите од „големата петорка“ за продолжување на дијалогот, од кабинетот на премиерот во оставка Рамуш Харадинај, за Радио слободна Европа кажаа дека дијалогот не може да се условува.

„Владата на Република Косово, конкретно премиерот Харадинај, секогаш работел и бил јасен околу прашањето на правото на Косово да ги брани интегритетот и суверенитетот на земјата. Според тоа, одлуката за воведување царини на производите од Србија и БиХ беше неопходна и им служи на интересите на Косово од непријателското дејствување и постојаните закани од Србија против државата и институциите на Косово“, се вели во одговорот.

Владите на Франција, Германија, Италија, Британија и САД побараа вчера од Србија и Косово што е можно побрзо да го обноват дијалогот под покровителство на ЕУ и да се воздржат од чекори кои оневозможуваат постигнување договор „кој е неопходен за двете држави во цел постигнување на пошироките евроатлантски интеграции“.

„За Косово тоа значи укинување на царините кои ѝ ги наметна на Србија. За Србија тоа значи прекин на кампањата за повлекување на признавањата на независноста Косово“, се наведува во соопштението кое на медиумите им го проследија амбасадите на САД во Приштина и Белград. Владите на петте земји наведоа дека „по годините стагнација дојде времето да се стави точка на конфликтите од деведесеттите“ и „преку преговори во духот на добрата волја да се постигне договор прифатлив за двете страни кој ќе обезбеди просперитетна иднина за граѓаните на Косово и Србија“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе