Танјуг

Косовската полиција вчера апсела Срби на Газиместан: „Нè тепаа и ни кажаа дека тоа е нивно“ (ВИДЕО)

По парастосот по повод Видовден на Газиместан косовската полиција уапсила две момчиња што носеле српско знаме, но набрзо ги пуштила.

EPA-EFE

Како што пренесува Танјуг, до инцидентот со полицијата дошло бидејќи момчињата не сакале да им го предадат српското знаме.

Потоа припадници на специјалните единици на полицијата ги внеле во автомобил и ги одвезле, за да ги остават на патот Приштина-Митровица во близина на Газиместан.

Според тврдењата на момчињата, полицијата против нив применила физичка сила, а по прегледот во здравствениот дом во Грачаница биле упатени на хирургија.

Претепувањето на двете српски момчиња поради истакнување српско знаме по повод Видовден е манифестација на институционалното насилство на Приштина која на сите, освен на Албанците, им го ускратува правото на национална гордост и припадност, изјави денес директорот на Канцеларијата на српската влада за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе