Пресметка на политичари

Косово: Тепачка на кандидати за пратеници по телевизиска дебата

Кандидатите за пратеници во косовското собрание Дардан Моличај од Социјалдемократската партија и Хаки Абази од Самоопределување физички се пресметале по завршувањето на емисијата Пресинг на приштинската кабелска телевизија Т7.

Главниот и одговорен уредник на таа телевизија Ленорад Керчеку објави дека тие за време на емисијата разменувале навреди кои ескалирале во физичка пресметка.

Моличај до излегувањето од Самоопределување беше генерален секретар на партијата и еден од 12-те пратеници што ја напуштија партијата и ја формираа Социјалдемократската партија на Косово.

Абази пред неколку недели пристапи во Самоопределување, а претходно беше директор на Фондацијата Рокфелер на Косово.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе