Обвинителите отворија истрага

Косово: Професор и полицаец меѓу обвинетите за силувањето на тинејџерката

Шест лица се обвинети поради наводното силување на тинејџерката кое ја шокираше јавноста на Косово.

Тинејџерката наводно ја злоставувале професор, а потоа и еден полицаец во текот на две години од 2017, кога имала 16 години.

Обвинителите отворија истрага по извештајот што го објави истражувачкиот портал Инсајдери.

Полицијата во февруари соопшти дека уапсила професор, полицаец и гинеколог обвинет дека извшрил нелегален абортус.

Претседателот на Косово Хашим Тачи тогаш случајот го опиша како „трагичен“.

Случајот на таа девојка предизвика гневни реакции на Косово и поттикна јавна расправа во парламентот за статусот на жената во општеството.

Обвинителите во средата соопштија дека се обвинети шест лица „врз основ на сомнеж дека извршиле сексуално злоставување, ја злоупотребиле позицијата и со предизвикување на бременост со полово насилство“.

Порталот Инсајдери објави дека девојката прв пат ја силувал нејзин професор во 2017 во Глоговац.

Инсајдери наведе дека професорот во 2017 почнал сексуални односи со девојката и ѝ ветувал брак. Кога открила дека е оженет и дека има деца, го пријавила во полиција.

Полицаецот на кој му го раскажала проблемот ѝ се заканил дека на нејзините родители ќе им каже за нејзината врска со професорот, ако не оди со него четири пати неделно во хотел, што се случувало во 2018 година.

Кога забременила, полицаецот во јанури 2019 ја однел во Приштина на абортус.

Адвокатот кој ѝ бил доделен на девојката исто така ја силувал, како и гинекологот, според истиот извор.

Косовските медиуми пренесоа дека професорот и полицаецот ги негирале обвинувањата.

Кога беше објавена веста за насилството, стотици жени излегоа на улиците на Ксоово, барајќи правда за жртвите на сексуалното насилство и обвинувајќи ги властите дека не ги штитат правата на жените.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе