Косово отвори амбасада во Ерусалим (ВИДЕО)

Косово официјално отвори амбасада во Ерусалим, де факто признавајќи го како главен град на Израел, соопшти во неделата косовското Министерство за надворешни работи.

Screenshot

Амбасадата е отворена со кратка церемонија за време на која пред зградата каде што се наоѓа било истакнато косовското знаме, а на нејзиниот влез била поставена плоча со натпис на албански, хебрејски и англиски јазик - Амбасада на Република Косово во Ерусалим, се вели во соопштението.

Во замена за признавање на независноста на Косово од страна на Израел, Косово стана првата земја со мнозинско муслиманско население што го призна Ерусалим за главен град на еврејската држава.

Одлуката на официјална Приштина предизвика критики, не само во земјите со муслиманско мнозинство, како што е Турција, која го осуди прекршувањето на резолуциите на ОН и меѓународното право, туку и во рамките на Европската унија.

Прашањето за Ерусалим и неговиот статус останува една од најкомплицираните точки на израелско-палестинскиот конфликт.

Палестинските власти сметаат дека израелските воени сили незаконски го окупирале источниот дел на Ерусалим во 1967 година и бараат Источен Ерусалим да стане главен град на палестинската држава.

Како дел од меѓусебната размена на признанија, Израел официјално го призна Косово, поранешната српска провинција што прогласи независност во 2008 година, како независна држава, приклучувајќи им се на повеќето западни земји.

За договорот меѓу Израел и Косово се разговарало минатиот септември во Вашингтон со тогашниот американски претседател Доналд Трамп, како дел од економските преговори со Србија и соседно Косово.

Косово и Израел воспоставија дипломатски односи уште во февруари, на големо незадоволство од Белград, кој не ја признава независноста на поранешната српска покраина. Русија и Кина исто така не ја признаваат независноста на Косово.

Конфликтот околу ова нерешено прашање меѓу Србија и Косово трае повеќе од две децении и продолжува да претставува закана за стабилноста во Европа.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе