Според српските правници

„Косово не може да ја тужи Србија бидејќи не е држава, ниту член на ОН“

Косово нема никаква правна основа да поднесе каква било тужба против Србија во која било меѓународна институција, согласни се српските правници.

Тие сметаат дека Косово не може да поднесе тужба ни во Меѓународниот суд на правдата, бидејќи не е држава, ниту е член на Обединетите нации.

„Таканаречено Косово нема легитимација да почне постапка пред Меѓународниот суд на правдата бидејќи не е држава, а тоа е неопходен услов според Статутот на тој суд“, истакнува професорот на Правниот факултет во Белград Бојан Милисављевиќ.

Тој потсети дека и претходно имало такви најави кои не донеле никакви резултати.

Според него, најавата на новиот косовски премиер Аљбин Курти дека ќе ја тужи Србија пред Меѓународниот суд на правдата покажува дека тој го губи трпението бидејќи, како што вели, очигледно е дека Косово нема да може да ја заокружи својата државност.

„Колку повеќе време минува и колку повеќе држави ги повлекуваат или преиспитуваат своите одлуки за признавање на Косово, толку потезите на Косово ќе бидат понелогични и полоши. Ваквите најави служат само за внатрешна политичка употреба“, заклучи професорот.

Белградскиот адвокат Бранислав Тапушковиќ исто така смета дека Косово нема ни правна ни фактичка основа за поднесување тужба против Србија пред кој било меѓународен суд и најавата на Курти ја гледа како пропаганда и дневнополитичка тема.

Тапушковиќ за геноцидот одговорен го смета НАТО.

„АКо е извршен геноцид, него кон сите народи го извршил НАТО со бомбардирањето на Србија во 1999 година, кога од Косово бегаа и Србите и Албанците“, кажа Тапушковиќ.

Тој потсети дека поради бомбардирањето на НАТО 750.000 Албанци заминаа од Косово во Албанија, Македонија и Црна Гора за подоцна да се вратат.

Од друга страна, како што вели, 250.000 Срби го напуштија Косово по прекинот на бомбардирањето.

Според него, токму бомбардирањето на НАТО има геноцидни димензии кон двата народи, бидејќи, како што кажа Алијансата го натерала народот да бега од Косово, уништувајќи ја комплетната инфраструктура.

Адвокатот Тома Фила истакнува дека држава која сака да поднесе тужба пред Меѓународниот суд на правдата мора да биде член на Обединетите нации и потсетува дека Косово според Резолуцијата на Советот за безбедност 1244 е територија, а не држава.

Аљбин Курти најави во понеделникот во своето експозе пред косовскиот парламент дека тој, додека е на чело на владата, пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе поднесе тужба против Србија за наводни злосторства извршени на Косово.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе