Не е претседател на Косово, туку „претставник на Приштина“

Косово и Тачи на покана на БиХ како „недефиниран субјект со фуснота“

Претседавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека Хашим Тачи не е повикан на Процесот на соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП) како претседател на Косово, туку како „претставник на Приштина“.

Додик на новинарите им кажа дека е познат неговиот став за Тачи, и дека нема причина тој на самитот во Сараево да разговара со Тачи, „бидејќи тие од Република Српска се обидоа да направат бабарога, која таа не е“.

„Ако Тачи се согласи да дојде во БиХ, иако покрај Косово стои „фуснота“, нека дојде, јас немам ништо против“, кажа Додик и истакна дека Косово останува непризната земја.

Сараевскиот портал Кликс го објави писмото во кое Додик наведува дека има чест да го покани Тачи на конференцијата во Сараево на 9 јули.

„Одушевен сум што можам да ве поканам на вечерата за лидерите на делегациите која ја организира Претседателството на БиХ на 8 јули“, пишува меѓу другото во писмото.

Додик во писмото не го спомнува Косово, но не ја спомнува ни фамозната „фуснота“ – дека БиХ не го признава Косово, наведува порталот.

Од кабинетот на претседавачот на Претседателството на БиХ по објавувањето на писмото на Додик до Тачи соопштија дека Косово не е повикано како независна држава, туку како „недефиниран субјект со фуснота“.

Се наведува и дека поканата ја испратило Претседателството на БиХ, а не Додик како негов член.

Додик на конференција изјави и дека одбива условување на формирањето на новиот Совет на министри на БиХ со прашањето за пристапувањето на БиХ во НАТО пактот.

„Од сегашната генерација претставници на власта во Република Српска никој не може да очекува да го промени својот став за одбивање на влегување на БиХ во НАТО“, истакна Додик.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе