20 години по избувнувањето на војната

Косово и Србија ги обновија директните летови

Србија и отцепеното Косово ги вратија директните летови помеѓу своите главни градови, кои беа запрени за време на крвавиот конфликт пред две децении.

Повторно воспоставената воздушна врска помеѓу главниот град на Србија, Белград, и главниот град на Косово, Приштина, ќе биде управувана од нискобуџетниот превозник на Луфтханза, Еуровингс. Двете страни им се заблагодарија на САД за посредувањето во договорот, кој беше потпишан во Берлин во понеделникот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Белград е „подготвен да спроведе повеќе вакви иницијативи, приближувајќи ги луѓето на Балканот“.

Лидерот на Косово, Хашим Тачи, го поздрави договорот како „важен чекор за движењето на граѓаните и процесот на нормализација“.

Директните летови, кои траат само 25 минути, беа укинати по војната на Косово во 1998-1999 година.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе