Косово и Албанија ќе го бојкотираат доделувањето на Нобеловата награда поради Хандке

Албанија денес објави дека нејзиниот амбасадор во Шведска ќе го бојкотира доделувањето на Нобеловата награда за 2019 година, протестирајќи против наградувањето на книжевникот Петер Хандке, критикуван поради поддршката на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Изборот на Австриецот Хандке наиде на критики бидејќи го поддржуваше Милошевиќ и беше на погребот на претседателот на Србија кој умре во 2006 година во Хаг, за време на судењето за воени злосторства, што пак нема никаква врска со наградата која Хандке ја добива за литература.

Претходно Косово објави дека нивниот дипломатски претставник ќе го бојкотира доделувањето, а турската влада вчера ја повика Шведската академија да ја промени одлуката за доделувањето на наградата.

„Во согласност со нашата првична реакција, му испративме писмо на амбасадорот на Албанија во Шведска да го бојкотира доделувањето на Нобеловата награда на Хандке“, напиша на Твитер албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај.

„Оправдувањето на воените злосторства за време на распаѓањето на Југославија не смее да се наградува. Тоа само ќе го зајакне негирањето која мора да се надмине и строго да се осуди“.

Самиот Хандке во петокот на конференција за медиумите во Стокхолм одби да одговори на прашања за својата поддршка на Милошевиќ, отфрлајќи ги како „празни“.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе