Косово и Албанија го бојкотираат самитот на Процесот на соработка во Сараево

БиХ го завршува едногодишното претседателство со Процесот на соработка во југоисточна Европа (СЕЕЦП) со самитот кој денес и утре се одржува во Сараево и на Јахорина, по што водењето на оваа иницијатива би требало да го преземе Косово, но вообичаеното примопредавње на должноста ќе изостане бидејќи во главниот град на БиХ нема да дојдат ковоските функционери кои го бојкотираат самитот незадоволни од начинот на кој ги третираат босанскохерцеговските власти.

„Начинот на кој во БиХ се третира државната делегација на Косово е неприфатлив. Ова дури фрла сенка на неодамна завршениот самит во Познањ во рамки на Берлинскиот процес, заедничката изјава и обврските кои таму ги преземавме, како и искрените и конструктивни ангажмани кои Косово како држава ги прави во рамки на Берлинскиот процес“, напиша денес шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли на Фејсбук коментирајќи ги причините зошто ни тој ни косовскиот претседател Хашим Тачи нема да отпатуваат во Сараево.

Во знак на солидарност со Косово учеството на сараевскиот самит во последен момент го откажа и Албанија, иако претходно беше најавено присуството на претседателот Илир Мета.

Пацоли своите критики ги насочи пред сѐ на актуелниот претседател на Претседателството на БиХ Милорад Додик, кој е најсилниот противник на признавањето на Косово како независна држава, па затоа БиХ заедно со Србија и понатаму останува на таа политика.

Косово доби покана за учество на самитот во Сараево како и сите тринаесет држави-членки на СЕЕЦП, но со назнака дека ќе биде третирано со фуснота, односно назнака дека нема статус на држава како останатите учеснички.

Косовскиот претседател Тачи таквото толкување го оцени како неприфатливо, како и односот на БиХ кон неговата земја.

Министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнадак, исто така заговорник на политиката на непризнавање на Косово, кажа дека е изненаден од одлуката на Тирана и Приштина бидејќи на Косово му бил испратен повик согласно постоечката пракса односно третирањето на статусот на Косово, додавајќи дека солидаризирањето на Албанија со Косово во овој случај е очигледен показател дека тие две земји навистина намераваат да водат заедничка надворешна политика, како што неодамна најавија.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе