Косово: ДСК и Самоопределување постигнаа договор за нова влада

Демократскиот сојуз на Косово и движењето Самоопределување постигнаа програмски договор за нова косовска влада.

Останува договорот да го потврдат лидерите на партиите, Иса Мустафа и Аљбин Курти, јавуваат косовските медиуми.

Како што им кажа на новинарите претставникот на ДСК Авдулах Хоти, по шестиот состанок на претставниците на двете партии, двете страни ги заврпија разговорите за програмскиот документ на новата влада.

„Со задоволство можам да кажам дека постигнавме договор за сите програмски прашања“, кажа Хоти, наведувајќи дека лидерите на партиите наскоро ќе го конкретизираат договорот.

„Се договоривме за структурата на владата и институциите“ кажа Хоти, истакнувајќи дека сѐ уште не се разговарало за персоналните прашања.

Според конечните резултати на предвремените парламентарни избори на Косово, Самоопределување и ДСК имаа 61 пратеник во парламентот со 120 места.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе