Поранешниот српски премиер

Коштуница: Имав решение за Косово

Поранешниот претседател на СР Југославија и премиер на Србија Војислав Коштуница изјави дека имал предлог за решавање на прашањето на Косово и Метохија.

Тој кажа дека предлогот би се засновал на моделот на Хонг Конг.

За него тврди дека би бил компромис кој би ги исклучил сите екстремни опции и дека бил успешен, одржлив и функционален.

„Надгледуваната автономија, за разлика од надгледуваната независност, е согласна на Повелбата на ОН и уставот на Србија. Со тоа ќе им беше овозможено на Албанците на Косово и Метохија сами да управуваат со својата иднина и да ги остваруваат своите интереси, а од друга страна Србија, согласно Повелбата на Обединетите нации, ќе ги задржеше суверенитетот и интегритетот“, кажа Коштуница.

Коштуница, кој по оставката на државните и партиските функции се повлече од партискиот живот, во првото јавување во јавност по повеќе години оцени дека „предлогот за суштинска автономија во иста мера е жив и обезбедувал стабилно и одржливо решение за статусот на српската покраина“.

Тој, меѓутоа не одговори конкретно на новинарското прашање дали неговиот предлог и денес би бил одржливо решение за Косово.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе