Косачев: Не знам зошто Трамп го отпуштил Болтон, но знам дека мене не ми е жал

Смената на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон е внатрешна работа на САД и Русија не се меша во тоа, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Меѓутоа, претседателот на Одборот за меѓународни прашања на Советот на руската Федерација Константин Косачев за ТАСС оцени дека заминувањето на Болтон би можело да ги зголеми шансите за продолжување на Спогодбата за намалување на стратегиското вооружување (СТАРТ).

„Надежта дека новиот СТАРТ ќе биде продолжен е жива сè додека тој е во сила, односно до февруари 2021 година, и по заминувањето на Болтон големи се шансите дека спогодбата ќе биде постигната навреме и дека дури и ќе биде унапредена“, кажа Косачев.

Тој додаде дека Болтон упорно се противел на спогодбата во областа на стратегиската стабилност и контролата на вооружувањето, мислејќи дека тие премногу ги ограничуваат САД во демонстрирањето на супериорноста.

„Не знам дали тоа е причината што претседателот Трамп го отпуштил, но знам дека тоа е причина што мене не ми е жал поради тоа“, заклучи Косачев.

СТАРТ во 2011 година го потпишаа Русија и САД и тој ќе биде во сила до 5 февруари 2021 година, ако дотогаш не го замени нова спогодба за намалување и ограничување на стратегиското вооружување.

Спогодбата исто така може да биде продолжена за не повеќе од пет години, и тоа со консензус на двете страни. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе