Корупциски скандал ја тресе Црна Гора откако еден тајкун објави снимка

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ ги повика сите надлежни органи во Црна Гора одговорно и брзо да реагираат во случајот со обвинувањата за корупција во јавното обвинителство што ги изнесе пребеганиот тајкун Душко Кнежевиќ

„Тоа е мојата порака и моето барање. Тоа значи дека мора да се реагира итно и силно. Ги имаме механизмите, законите, ги имаме луѓето и сега проверката на способноста на јавното обвинителство или ќе ја сопре опструкцијата во компромитирањето на обвинителството за непримерно влијание или ќе ги разоткрие оние кои се вклучени во мито и корупција и ќе ги уапси“, кажа црногорскиот премиер.

Марковиќ сепак потсети дека обвинувањата за корупција доаѓаат од, како што кажа, пребегнат тајкун осомничен за милионска финансиска измама која можела да ја разниша целата црногорска економија.

„Мораме да имаме предвид дека обвинувањето доаѓа од човекот кој е обвинет за една од најголемите финансиски измами во Црна Гора, која имаше и која можеше да доведе до несогледливи последици, не само по нашите јавни финансии туку и по нашата економија“, кажа Марковиќ.

Претходно врховниот државен обвинител на Црна Гора Ивица Станковиќ соопшти дека никој нема да успее да го дискредитира и соопшти дека својата работа ја врши чесно, одговарајќи со тоа на обвинувањата дека преку секретарот на обвинителството земал пари од Кнежевиќ.

Кнежевиќ вчера објави аудио-снимка на која се слуша како секретарот на обвинителството Ненад Вујошевиќ зборува дека од Кнежевиќ земал пари и му ги давал на Станковиќ. Во изјавата за Вијести Кнежевиќ кажа дека на Станковиќ преку Вујошевиќ во последните три години му дал меѓу 700 и 800 илјади евра.

Душко Кнежевиќ, поранешен бизнисмен близок до црногорската власт, во декември 2018 година објави снимка на која се гледа како на поранешниот градоначалник на Подгорица Славољуб Стијеповиќ му дава плик со 10 илјади долари, што резултираше со кривична постапка против Стијеповиќ. Кнежевиќ тогаш кажа дека тоа е само мал дел од милионите евра кои, како што тврди, со години ѝ ги давал на владејачката Демократска партија на социјалистите. Таа афера, во јавноста позната како „Коверта“, беше причина за масовни граѓански протести во Црна Гора, кои се стишија во април.

Кнежевиќ тогаш тврдеше дека поседува снимка на која се гледа како му дава торба со пари и на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, кој тие обвиненија ги негираше. Црногорското обвинителство неодамна го замрзна целиот имот на Кнежевиќ во Црна Гора, вреден десетици милиони евра.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе