Најдолга во последните четири децении

Коронавирусот во Шпанија однесе 27.000 животи, утре почнува 10-дневна жалост

Шпанската влада прогласи десетдневна национална жалост од утре за жртвите на коорнавирусот, кој однесе повеќе од 27.000 животи во таа земја.

EPA-EFE/Jose Maria Cuadrado/La Moncloa

Премиерот Педро Санчез на Твитер објави дека „националната жалост во спомен на жртвите на ковид-19 почнува во среда“.

Истакна дека десетдневната жалост ќе биде најдолгата во шпанската демократија, воспоставена во 1977 по диктатурата на Франко.

За донесување на таа одлука неговата влада чекаше Мадрид и Барселона, двата најголеми и најпогодени града, да почнат со ублажување на мерките за ограничнување.

„Знамињата ќе бидат спушени на пола копје во сите државни згради“, прецизираше портпаролката на владата Марија Хесус Монтеро.

Таа кажа дека големата службена церемонија ќе ја води кралот Фелипе Шести во спомен на жртвите на епидемијата, од кои 80 отсто се постари од 70 години. Сѐ уште не е познат датумот на комеморацијата.

Шпанија, која има околу 47 милиони жители, е една од потешко погодените земји во Европа со 27.117 умрени и над 236.000 заболени, според последните податоци.

Десничарската опозиција повеќе пати ѝ префрлаше на владата што не прогласи национална жалост, но Санчез кажуваше дека чека успорување на епидемијата и почеток на ублажување на мерките.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Jose Maria Cuadrado/La Moncloa

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе