Коронавирусот во САД е посмртоносен од шест војни заедно

Бројот на потврдени случаи на заболување со коорнавирусот во САД достигна 370.000, што е еднакво на бројот на заболените во трите следни најзаразени земји во светот.

Бројот на смртните случаи надмина 10.000, што според официјалните податоци на владата, односно нејзиниот оддел за ветерани, се повеќе настрадани во директните борби во шест од вкупно 13-те војни водени во историјата на таа земја.

„Коронавирусот е пофатален за населението од битките во шест војни заедно – во Американската револуција за независност (1775-1783), Војната во 1812 (до 1815), Мексиканската војна од 1846 до 1848, со Семиноле Индијанците (1817-1896), Шпанско-американската војна (1898-1902) и Пустинска олуја (1990-1991)“, соопшти одделот за ветерани.

САД овој црн рекорд од нултиот пациент до сегашната 10.943 жртва на коронавирусот го минаа од 21 јанури, кога во државата Вашингтон беше евидентиран првиот заболен, кој пристигна од Вухан.

Можеби овие бројки се доволна причина денес, и покрај малото олабавување на ситуацијата во изминатите два дена, да пристигне предупредувачка порака од Белата куќа: „Ова е моментот да не одите во продавница и да не одите во аптека, туку да правите сѐ за да ги заштитите семејството и пријателите“, како и таа дека следните денови ќе бидат можеби најтешките во животите на многу Американци.

Најтешка е состојбата во државата Њујорк, каде се речиси третина од вкупниот број на заразени, и во самиот град Њујорк, поради што се преполни болничките кревети па надлежните апелираат и болницата вкотвена во пристаништето на Менхетн, воениот брод Комфорт, да се претвори во место за згрижување на заразените со коронавирусот, иако беше планирано тоа да биде единствената болница во која ќе се лекуваат оние со болести неповрзани со коронавирусот.

И додека очите на целиот свет се насочени кон Њујорк и неговите жители, каде се заразени 72.180 луѓе, а умреа 3.485, помалку е забележлив алармантниот податок дека според бројот на заболени по глава на жител во предност е Њу Орлеанс, каде на 100.000 жители умираат 38, додека во Њујорк 19.

Меѓу најзагрозените држави во САД, покрај Њујорк, се и Њу Џерси (41.000), Мичиген (17.000), Калифорнија (15.000), Луизијана (14.000, Масачусетс и Флорида (со по 13.000).

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе