1 заразен во седиштето во Брисел

Коронавирусот влезе во НАТО

Член на персоналот на НАТО што работи во седиштето во Брисел е позитивно тестиран на коронавирусот ковид-19 по враќањето од одмор во северна Италија, соопшти денеска организацијата.

Вработениот е дома во изолација откако кон крајот на минатата недела му се појавиле симптоми на треска.

Ова е прв случај на инфекција во седиштето на НАТО во Брисел, потврди портпаролот.

Колегите што биле во контакт со заразеното лице биле предупредени, а информиран е и персоналот во седиштето на НАТО, рече организацијата, велејќи дека „ја следи внимателно ситуацијата“ и „ги презема сите неопходни мерки“.

Веќе се преземени превентивни мерки за да се гарантира безбедноста на персоналот и на посетителите. Поточно, ова подразбира привремено прекинување на патувањето во одредени региони, поттикнување на персоналот да работи од дома и привремено прекинување на групните посети во седиштето.

„Остануваме во близок контакт со белгиската влада“, заклучува НАТО во соопштението за медиумите. „Воведовме обемни мерки и планови во однос на континуитетот на работењето за да може суштинската работа да продолжи“.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе