Трамповите предвидувања пропаднаа

Коронавирусот уби повеќе Американци отколку војните во Виетнам и Кореја

Во Соединетите Американски Држави повеќе од 100.000 луѓе умреа од последици на коронавирусот, со што САД станаа државата со најмногу жртви од ковид-19.

EPA-EFE/Chris Kleponis

Бројот на жртвите во САД така стана поголем од бројката на загинати американски трупи во војните во Кореја и во Виетнам.

Сепак, некои Американци престанаа да одржуваат социјална дистанца за време на изминатиот викенд и вчера, кога беше одбележан Денот на сеќавањето, со кој им се оддава почит на загинатите припадници на американските оружени сили.

Според податоците на Ворлдометерс, во САД има 1.713.000 потврдени случаи, а досега умреа 100.021 лице.

Оздравеа 468.669 луѓе.

Најпогодена држава е Њујорк со 372.494 вкупно заболени и 29.310 умрени.

И покрај пандемијата, многу Американци не се откажаа од традицијата за празникот, кој се смета за неофицијален почеток на летната сезона, да побрзаат на плажите и базените, често кршејќи ги мерките на социјално дистанцирање, кои и понатаму се на сила.

Гужви имало на плажите на Флорида, во Мериленд, Џорџија, Вирџинија и Индијана.

Американскиот претседател Доналд Трамп со недели ја минимизираше заканаа од коронавирусот и ги занемаруваше апелите на својот министер за здравство да вложи во тестови и вентилатори за дишење.

Потоа на 13 март прогласи вонредна состојба поради пандемијата и најави дека ќе вложи 50 милијарди долари од државните резерви за борбата против коронавирусот.

Уште од почетокот Трамп ја обвинуваше Кина дека стои зад пандемијата, а коронавирусот го нарекуваше „кинески“ вирус.

Потоа изјави дека се надева дека вкупниот број на смртни случаи во САД од последици од коронавирусот нема да биде поголем од 100.000.

Трамп кажа дека тоа е „ужасна бројка“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Chris Kleponis

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе