Досега 500 мртви, 24.500 заразени

Коронавирусот сè повеќе се шири, СЗО вели не е пандемија, туку „епидемија со повеќе фокуси“

Бројот на нови заразени и починати поврзани со новиот коронавирус во Кина денеска се зголеми, соопштија кинеските здравствени власти, додека откривањето нови случаи надвор од Кина укажува на забрзано ширење на епидемијата.

Сепак, и покрај брзото ширење во голем број земји, Светската здравствена организација соопшти дека епидемијата на новиот коронавирус сè уште не го достигнала нивото на пандемија. Д-р Силви Бријанд, директор на СЗО за епидемиски и пандемиски заболувања, пред новинарите во Женева изјави дека епидемијата е во фаза „кога е епидемија со повеќе фокуси“.

До денеска најмалку 490 лица, повеќето во Кина, починаа од коронавирусот, откако беше откриен во декември во централниот кинески град Вухан, а вкупниот број на потврдените заразени надмина 24.000. Постојат околу 150 потврдени случаи во 23 други земји, вклучувајќи и двајца мртви надвор од континентална Кина, на Филипините и во Хонг Конг.

Хонг Конг ги затвори скоро сите копнени и морски гранични премини со копното на полноќ по локално време, откако повеќе од 2.000 медицински работници од понеделникот во знак на протест ги напуштија работните места барајќи сите гранични премини да бидат целосно затворени. Хонг Конг во 2002-03 година беше погоден од епидемијата на САРС.

Според нова студија објавена во понеделникот во списанието Нејчр, експертите од Институтот за вирологија во Вухан, кој е специјализиран за проучување вируси, велат дека новиот вирус е 96% генетски идентичен со оној пронајден кај лилјаците во јужната кинеска провинција Јунан.

Студијата вели дека новиот коронавирус е 80% генетски сличен на вирусот САРС, кој уби повеќе од 800 луѓе во 2002 и 2003 година.

Кинеските власти не знаат точно како вирусот успеал да се пренесе од животни на луѓе, но веруваат дека пазарите на отворено во Кина, каде што се продаваат диви и припитомени животни, може да придонеле во тоа.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе