Бројот на мртвите во Италија порасна на 52

Коронавирусот пристигна во уште 10 земји: „Ова никогаш претходно не сме го виделе“

Првите случаи на зараза со коронавирусот денес беа забележани во десет земји: Сенегал, Саудиска Арабија, Тунис, Јордан, Чешка, Португалија, Исланд, Индонезија, Андора и Ерменија.

Бројот на мртвите од коронавирусот во Италија во меѓувреме порасна на 52, јавува Би-би-си. Од друга страна, во покраината Хубеи, жариштето на епидемијата во Кина, регистриран е остар пад на бројот на нови случаи.

Во последните 24 часа надвор од Кина се забележани девет пати повеќе случаи на коронавирусот отколку во Кина, кажа Тедрос Адханом Гебрејесус од Светската здравствена организација.

Тој истакна дека СЗО е најмногу загрижена за ситуацијата во Јужна Кореја, Италија, Иран и Јапонија.

„Се наоѓаме на целосно непозната територија. Овој вирус не е грип. Никогаш претходно не сме виделе респираторен патоген кој толку лесно и брзо се шири, но тој може да се ограничи со правилни мерки“, додаде тој.

СЗО ја испрати денес првата екипа лекари и неколку тони лекови во Иран, кој е тешко погоден од епидемијата на новиот коронавирус.

Денес Техеран објави нови податоци за 66 мртви од вирусот и околу 1.500 случаи на зараза, што е најголемиот број на заболени по Кина.

Помошта и екипата на СЗО ќе допатуваат со воен авион на Обединетите Арапски Емирати, изјави Роберт Бланчард од канцеларијата на СЗО во Дубаи на конференција за новинарите на меѓународниот аеродром Ал мактум.

Со летот ќе бидат испратени 7,5 тони медицинска опрема и средства за превенција и контрола на заразата и за поддршка на медицинскиот персонал во Иран, прецизираше Бланчард.

Испратени се тестови, хируршки ракавици и маски.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе