Коронавирусот ќе го снема кон средината на јуни, вели руски експерт

Претседателот на Руското респираторно друштво вели дека коронавирусот би требало да „згасне“ кон средината на јуни.

Пневмококалната вакцина може да ги заштити луѓето од новиот коронавирус бидејќи го зголемува природниот имунитет, изјави во средата Александар Чучалин, член на Руската академија на науките и претседател на Руското респираторно друштво.

„Не знам дали вакцината против грип може да заштити од коронавирусот, меѓутоа 13-валентната пневмококална вакцина можно е да може. Таа не само што го подобрува антипневмококалниот имунитет, туку го подобрува и природниот имунитет“, им рече тој на новинарите, пренесе ТАСС.

Чучалин додаде дека коронавирусот би требало да го снема кон средината на јуни. Тој истакна дека инфекцијата активно се шири во моментов, при што едно лице е способно да зарази две или три лица.

Според најновите статистички податоци, речиси 2,5 милиони луѓе се заразени низ целиот свет, а пријавени се повеќе од 166.000 смртни случаи. Покрај тоа, досега над 637.000 лица низ целиот свет оздравеле од болеста.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе