Коронавирусот го трансформираше Њујорк (ВИДЕО)

Полските болници во Централ парк и на тениските терени на Ју-ес опен, конгресниот центар опремен со илјадници кревети, голем морнарички брод вкотвен во пристаништето. Неофицијалниот главен град на светот сега е епицентар на пандемијата на коронавирусот.

Пандемијата ги однесе животите на над 1.700 жители на Њујорк, а Доналд Трамп, американскиот претседател кој доаѓа од тој град, во Вашингтон предупреди на „многу, многу лоши две недели“ што ги очекуваат Соединетите Држави.

Њујорк, финансиската престолнина на државата, е најпогодениот американски град. Почна да поставува полски болници за да ги зголеми капацитетите во очекување на врвот на епидемијата.

Неколку десетици шатори со 68 кревети и 10 респиратори се поставени во познатиот њујоршки парк.

„Гледате филмови како „Зараза“ и мислите дека тоа е далеку од вистината, дека никогаш нема да се случи. Да се види како тоа тука се случува е навистина надреално“, забележува 57-годишната Џоен Данбар.

Денес утринава, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, бројот на заразени во САД порасна на 189.510 случаи, со 4.076 смртни исходи. Тоа е повеќе од 3.310 починати, колку што Пекинг тврди дека умреле во Кина.

Њујорк има повеќе случаи од кој било друг американски град. Првиот случај беше забележан на 1 март, и набрзо стана центарот на епидемијата во САД.

Градоначалникот Бил де Бласио вчера најави дека градот тројно ќе ги зголеми болничките капацитети за да биде спремен за врвот на пандемијата кој се очекува за две до три недели.

„Ќе ни реба ниво на болнички капацитети какво што досега не сме виделе ниту сме замислувале“, кажа тој.

Јужно од Централ парк пренаменет е и конгресниот центар Џавитс со околу три илјади кревети. Го пренаменија воени инженери, а ќе ги прима пациентите кои не се заразени со коронавирусот за да се намали притисокот врз болниците.

Неколку улици подолу, на докот 90, се наоѓа воената болница Конфорт со илјада кревети и 12 операциски сали, исто така наменета за оние без ковид-19.

Пациентите заразени со коронавирусот наскоро ќе почне да ги прима и полската болница со 350 кревети која е поставена на тениските терени каде секое лето се игра турнирот Ју-ес опен.

Гувернерот на сојузната држава Ендрју Куомо вчера ги предупреди њујорчани дека борбата против вирусот ќе биде долга.

„Приспособете се и адаптирајте ги очекувањата за да не бидете разочарани секој ден кога ќе станете“, кажа гувернерот, чиј брат Крис Куомо, новинар на Си-ен-ен, вчера објави дека е заразен.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе