Коронавирус регистриран во Албанија

Татко и син што се вратиле во Тирана од Фиренца се првите случаи на коронавирус во Албанија.

Двајцата се во стабилна состојба и немаат никакви компликации, соопшти албанското Министерство за здравство.

Пред да ги потврдат првите два случаи, албанските здравствени работници тестираа околу 60 лица, но меѓу нив нема потврдени случаи на коронавирус.

Повеќе од 400.000 Албанци живеат во соседна Италија, која во последните 24 часа бележи драматично зголемување на смртните случаи и инфекции во епидемијата на коронавирус, и покрај воведувањето карантин во Ломбардија и во другите северни региони.

Вкупниот број на починатите од коронавирус во Италија е 366, со заразени 7.375.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе