Од нив, осум случаи се во манастирот Свети Павле, а најмалку по еден во Хиландар и манастирското село Лакоскити.
Манастирот Свети Павле, кој се наоѓа на западниот брег на Атос, е ставен во карантин, а еден свештеник е во критична состојба и е префрлен во болница во Солун, пренесува Екатимерини.
Затоа на Атос е испратен тим од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) за да открие колку вирусот всушност е раширен на Атос.
Како што е наведено, засега никој не може да гарантира дека вирусот не се проширил и во други манастири.
Се додава дека Светата заедница првично ги затворила вратите на Света Гора за посетители, но мерките биле ублажени и на посетителите им било дозволено да ги посетуваат манастирите со мерење на температура, како и на свештениците кои доаѓаат и си одат од островот.
Иако свештениците претходно биле предупредувани да ги почитуваат мерките, многу од нив тоа не го правеле, особено за време на верските собири и церемонии.
Порталот Грик репортер потсетува дека манастирот Свети Павле е основан кон крајот на 10 и почетокот на 11 век и дека во него живеат 31 свештеник.
Манастирската библиотека содржи 494 ракописи и повеќе од 12.000 печатени книги, а манастирот се смета за 14 во хиерархијата меѓу 20 манастири на Света Гора.