Вирус и меѓу куните во Шпанија

Коронавирус на фармите: холандските власти убиле повеќе од милион куни од претпазливост

Научниците истражуваат дали куните можат да го пренесат коронавирусот на човекот откако со него се заразиле на фарми во Шпанија и Холандија.

EPA-EFE

Во меѓувреме, холандските валсти на фармите за одгледување убиле повеќе од милион куни како мерка на претпазливост.

Според податоците на Агенцијата за безбедност на храната и потрошувачките производи на 26 холандски фарми на кои се појавила епидемија биле убиени повеќе од 1,1 милион куни.

Тамошната влада соопшти дека ќе бидат убиени куните на уште една фарма на која се појавила заразата.

Сѐ уште не е докажано, но се претпоставува дека коронавирусот потекнува од животните, и тоа од лилјаците.

Вирусот претходно беше потврден кај уште некои жвиотни, мачки, тигри, и кучиња, но не е докажано дека можат да го пренесат на човекот.

Се претпоставува дека куните се заразиле преку инфицирани работници. Научниците сега сакаат да докажат дали тоа навистина е така и колку таа ситуација би можела да биде опасна.

Холандско истражување покажало дека видот на вирусот во куните е сличен на оној кој се шири меѓу луѓето.

Научниците претпоставуваат дека е можно вирусот повторно да се пренесе врз луѓето од куните, а претпоставуваат дека неколку работници на фармите токму така се заразиле.

Светската здравствена организација, Светската организација за здравјето на животните и неколку универзитети и центри за истражување, го истражуваат пренесувањето на новиот коронавирус меѓу луѓето и животните.

Холандија, која има околу 160 фарми на куни е четвртиот најголем произведувач на крзно во светот по Данска, Кина и Полска.

Шпанија има 38 активни фарми за одгледување куни, најмногу во Галиција.

И Шпанија и Холандија го заострија хигиенскиот протокол на фармите и забранија превоз на животните и посети на објектите во кои се чуваат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе