„Корона-бум“ во австриските училишта

По првите две недели од новата учебна година во Австрија досега се евидентирани вкупно 455 случаи на инфекција со коронавирус во училиштата.

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Според податоците на Министерството за образование, од тој број 372 се ученици, 58 наставници, 25 вработени во администрација.

Исто така, имало околу 3.600 случаи на сомневање за инфекција со коронавирус.

Најголем број на потврдени инфекции во училиштата има во Виена, каде има 198 ученици, 15 наставници и 17 административни службеници позитивни на корона.

Следат Горна Австрија (50 ученици, 10 наставници, 3 административни службеници), Долна Австрија (41/7/3), Тирол (30/3/0), Форарлберг (26/6/0), Салцбург (13/6/1), Штаерска (10/4/0) и Бургенланд (4/0/1).

Само провинцијата Корушка нема ниту еден позитивно тестиран ученик, но затоа има седум заразени наставници.

Речиси да нема училиште во Виена каде немало сомневање за инфекција со коронавирус.

Министерството за образование, во врска со ова, ќе започне пилот-проект, како резултат на кој мобилни тимови ќе тестираат во училиштата во случај на сомневање за инфекција и лица кои имале директен контакт со брз тест и уште истиот ден ќе ги имаат резултатите.

Од крајот на септември ќе започне најавеното редовно следење на состојбата во училиштата со истиот тест.

На секои три до четири недели ќе бидат тестирани 15.000 ученици и 1.200 наставници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе