Според нова студија

Корисниците на социјални медиуми повеќе веруваат во дезинформации

Американците што ги користат социјалните медиуми како главен извор на вести е поверојатно да веруваат во лажни или недокажани приказни за важни теми како што се политиката и ковид-19, покажа истражување во понеделникот.

Фото: ЕПА

Извештајот од Центарот за истражување Пју откри дека луѓето што вестите ги бараат на социјалните платформи се послабо информирани за големите теми за јавни настани и се поподложни на верувања во шпекулации и измами.

Платформите на социјалните медиуми стануваат сѐ поголем извор на вести, додека традиционалните медиуми се мачат да преживеат во дигиталното време.

Извештајот на Пју откри дека околу 18 проценти од испитаниците во истражувањето најголем дел од политичките и изборните вести добиле преку социјалните мрежи.

Но помалку веројатно е тие луѓе точно да одговорат на прашањата засновани на факти во врска со политиката и тековните настани, отколку оние што вестите ги дознаваат од печатот, телевизиите или апликациите за вести.

Консументите на вести од социјалните мрежи повеќе знаеле за конкретни лажни или недокажани приказни за коронавирусот и рекле дека виделе повеќе дезинформации за пандемијата, како што се тврдењата дека витаминот Ц може да спречи инфекција, открива истражувањето.

За политичките вести, корисниците на социјалните мрежи биле помалку информирани за фактите како што се функциите на гласовите на Електорскиот колегиум држава по држава, кои на крајот одлучуваат кој ќе ја освои Белата куќа, или за стапката на невработеност.

Извештајот произлегол од низа интервјуа со околу 9.000 возрасни Американци од ноември 2019 до декември 2020 година.

Повеќето интервјуирани рекле дека не им веруваат на социјалните медиуми, а најмалку му веруваат на Фејсбук.

Меѓу оние што користат традиционални медиуми, истражувачите откриле и дека околу една четвртина Американци од политичката левица и десница постојано се вртат кон „партиските“ веб-страници, повторувајќи ги нивните ставови.

Пју открил дека приближно тројца од 10 републиканци веруваат во поранешниот претседател Доналд Трамп како главен извор на вести за изборите и за коронавирусот.

Овие републиканци е поверојатно да мислат дека пандемијата на ковид-19 е преувеличена и поверојатно за нив гласачката измама е значителна закана за изборниот интегритет.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе