Манифест на лабуристите

Корбин пред изборите го претстави „најрадикалниот план на нашата доба“

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин денес го објави предизборниот манифест на својата партија, низа радикални и амбициозни мерки кои лабуристите ќе ги спроведат ако на изборите на 12 декември ја освојат власта.

Програмата со која лабуристите излегуваат на општите предвремени избори следниот месец би можела да го трансформира британското општество, а вклучува национализација на клучните стопански сектори, масовни вложувања во инфраструктурата и бесплатен широкопојасен интернет.

Британските гласачи така на изборите на 12 декември ќе се најдат пред избор на Корбиновата „социјалистичка“ визија и визијата на конзервативниот премиер Борис Џонсон кој предвидува брзо излегување од Европската Унија и изградба на „динамична пазарна економија“, пренесува Ројтерс.

Левичарскиот ветеран Корбин им го понуди на гласачите „најрадикалниот план на нашата доба, полн со надеж, насочен кон луѓето, со целосно заокружена финансиска конструкција“. Вети дека ќе ги врати во јавна сопственост железницата, поштата, енергетскиот сектор и водоснабдувањето доколку лабуристите обезбедат мнозинство во парламентот. Најави и големи инвестиции во јавните услуги, воведување 32-часовна работна недела и реформи во корпоративниот сектор.

Лабуристичката партија вети и „зелена индустриска револуција“ со која би се решила, како што Корбин ја нарекува „климатската криза“ со насочување на фокусот при отворањето на новите работни места и при работењето на компаниите на борбата против глобалното загревање.

„Можеме од темел да го измениме стопанството за да им носи корист на широк круг луѓе а не само на неколкумина“, порача Корбин.

Манифестот вклучува и петотстотно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и укинување на школаримите на факултетите.

Лабуристите планираат и да ги зголемат даноците за граѓаните со најголеми примања, а планираат и повеќе корпоративни даноци и надомести за нафтените и мултинационалните компании.

Многу политички аналитичари проценуваат дека на изборите најверојатно ќе победи конзервативната партија на британскиот премиер Џонсон. Во повеќето анкети лабуристичката партија заостанува зад ториевците за најмалку 10 отсто.

Премиерот Џонсон ја фокусира предизборната кампања на ветувањето дека ќе ја изнесе Британија од Европската Унија, обвинувајќи го лабуристичкиот лидер дека не изложил кохерентна политика за брегзитот.

Корбин повтори дека „ќе го реши брегзитот во рок од шест месеци“ со преговори со Европската Унија и потоа ќе распише референдум за договорот со ЕУ.

По денешниот говор на лабуристичкиот лидер, Џонсон на Твитер повторно вети брегзит, најавувајќи дополнителни издвојувања за 20.000 нови полициски службеници, и за здравственото осигурување и за образованието.

Најави и „систем за управување на емиграцијата, кој ќе се базира на бодување, по примерот на оној во Австралија“.

Се очекува британскиот премиер да ја претстави предизборната програма на крајот на месецот.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе